Дијамант продаден за рекорден 71 милион долари
Дијамантот наречен „Розова ѕвезда", којшто има 59,6 карати беше продаден на аукцијата на „Сотбис“ во Хонг Конг, за 71,2 милиони долари.
Оваа цена е рекордна за кој било скапоцен камен. Дијамантот го купила хонгконшката компанија за скапоцени камења Чоу Таи Фук, добивајќи го наддавањето во натпревар со други два понудувачи, соопшти аукциската куќа.
Дијамантот пред наддавањето беше проценет на 60 милиони долари. Тоа е најголемиот совршено блескав розов дијамант којшто кога било е ставен на проценка во Американскиот гемолошки институт, додаваат оттаму.
Дијамантот првпат требаше да биде продаден за уште повисока сума - 83 милиони долари, во Женева пред три години, но продажбата пропадна оти купувачот непосредно потоа банкротирал.
„Розовата ѕвезда" е ископана во Африка во 1999.
Претходниот најскап дијамант беше „Опенхајмер блу", продаден за 57,6 милиони долари.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци