Дијагностициран коронавирус кај 18 деца до девет години
Според статистиката на Институтот за јавно здравје, 18 деца до девет годишна возраст се дијагностицирани со коронавирисот, кај сите нив клиничката слика е лесна и немало потреба од подолга хоспитализација, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција.
Министерот, меѓу останатото, информираше дека на Гинеколошко акушерската клиника се тестираат сите кои имаат симптоми на коронвирусот.
-Постои целосно изолирана патека за родилките кои се позитивни на коронавирусот. Целосно се опремени лекарите и медицинските сестрите се тестираат оние од персоналот кај кои има симптоми, рече Филипче.
Во однос на тоа дали има позитивни ка коронавирусот во Инфективната болница како резултат на зараза од техничарот кај кого е покажан позиитивен тест на Корона 19 од таа болница, министерот рече дека сите тестови од колегите се негативни и оти се размислува дека заразата настанала надвор од работното место за што се прават епидемиолошки анкети. Информираше дека клиниката функционира нормално.
Прашан дали во Владата се размислува за кремирање на починатите од Ковид -19 Филипче истакна дека за погребување на починатите постои соодветен протокол и нема ризик за присутните на чинот на погребување.
Ново на Сител
-
Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации
-
Дешан се потпира на играчите на ПСЖ, го поддржува Дембеле за Златната топка
-
Тотенхем ќе се раздели со Хеунг-мин Сон, но само ако добие многу солидна понуда
-
Гвардиола го исфрли Грилиш од составот на Светското клупско првенство, играчот размислува за заминување
-
Трамп им забрани на странски студенти да се запишуваат на Харвард
-
Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес клуб во Чаир
-
САД ставија вето на барањето за итен и безусловен прекин на војната во Газа
-
Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји