Македонија
28. јуни 2022 - 19:35

Дијабетичарите со месеци остануваат без ленти и глукомери - побараа средба со министерот Сали

Пациентите да не позајмуваат ленти едни од други за мерење на шеќерот во крвта а децата диајбетичари конечно да ги добијат долгоочекуваните сензори за безболно гликемиско мерење. Беким Сали досега не ги видел па здруженијата на дијабетичари дојдоа пред Министерството за здравство да му кажат дека е време да бидат решени нивните секојдневни проблеми.

-Денес упатуваме барање до претседателот на Владата, Ковачевски како по закон најнадлежен за состојбите во извршната власт да ја заокружат постапката за промена на моделот за набавка на глукомери и ленти. Бараме лентите и апаратите да се тргнат од тендерската постапка за набавка на инсулин и истите да бидат со дефинирана референтна цена и достапни во сите аптеки. Ако и овој наш предлог не сте во можност да го прифатите и спроведете, тогаш барем одвојте ги двете тендерски постапки-посебен тендер за инсулинска и друга антидијабетична терапија и посебен тендер за апарати, ленти, пумпи, сензори и други медицински помагала. Се работи за 45 000 кои имаат право на квалитетна терапија и на квалитетни медицински помагала, изјави Диме Велев, претседател на Сојузот на дијабетичари на Македонија. .

Од Асоцијацијата за детски дијабетес повторно побараа институциите да не бидат слепи и децата да добијат модерни терапии. Предупредија дека пост ковид има зголемен број на детскиот дијабете.

-Ако се зборува за детската популација, значи не само во детската популација туку и воопшто КОВИД-от влијаеше многу не само кај нас во Македонија туку и во светски рамки, порастот на лица особено со тип 1 дијабетес е во драматичен пораст. Тоа се одрази кај нас. Ако ние на годишно ниво до пред две години имавме во просек од 30 до 40 деца, лани на пример на Детската клиника се дијагностицираа 70 деца. Оваа година која не е ни до пола измината, веќе имаме 30 нови дечиња со дијабетес тип 1, изјави Наташа рече Деспотовска Димитриева од претседателка на БАЛАНС МК.

Здруженијата на дијабетичари досега 5 пати доставиле официјално барање за средба со Сали, но безуспешно.