-->
-->
Дибиров го засили Загреб
-->
Еден од најстандардните ракометари на Вардар, Тимур Дибиров го напушти тимот, реши да се пресели во Загреб. Оваа одлука рускиот репрезентативец ја донесе откако ЕХФ му забрани на Вардар да настапи во Лигата на шампионите.
Дибиров девет години го носеше дресот на Вардар, учествуваше во освојувањето на двете титули во Лигата на шампионите.
Дибиров во Загреб ќе игра со поранешните соиграчи од Вардар, Иван Чупиќ и Вуко Борозан.
„Сум играл со некои играчи претходно (Борозан и Чупиќ), исто така сум се натпреварувал со некои, а со некои допрва ќе се запознаам. Верувам дека ростерот на Загреб е добро среден и дека е идеална комбинација на младост и искуство. Мислам дека нашиот тим има што да докаже и дека оваа сезона пријатно ќе изненадиме“, изјави Дибиров за клупскиот сајт.
Ова за Тимур ќе биде трет клуб во кариерата, претходно беше дел од Чеховски Медведи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
-
Билки штетни за во спалната соба
-
Зидан ќе ја предводи Франција по СП 2026
-
Четвртфинале за младиот македонски тенисер Алексовски
-
Македонија домаќин на Светско училишно првенство во ракомет 2026
-
Трамп повторно се заканува дека ќе ја преземе контролата врз „ужасниот“ Вашингтон
-
За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври