Фудбал
24. July 2015 - 9:58

Ди Мариа се сели во ПСЖ

 Манчестер Јунајтед и ПСЖ и официјално постигнале договор за трансферот на 27-годишниот Аргентинец, откако Јунајтед ја прифатиле понудата од парискиот клуб вредна 65 милиони евра.

Во моментов двата тима се наоѓаат на подготовки во САД, а се очекува Ди Марија многу скоро официјално да биде претставен како играч на ПСЖ.
 
Аргентинскиот ас го напушта Манчестер по само една сезона. Тој Минатото лето дојде за 60 милиони фунти на „Олд Трафорд“ од редовите на Реал Мадрид, но имаше многу лоша година, каде што на 27 натпревари постигна само три гола.