Дежурната служба на ЈП „Комунална хигиена“ го расчистува снегот во Скопје
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје вечерва соопшти дека со 40 работници од дежурната служба спроведува активности за чистење на снегот од скопските булевари и поголемите градски улици.
Се расчистува и централното градско подрачје – големиот ринг, плоштадот и улицата Македонија, како и реонот околу Градската болница, Владата и Собранието на РМ. Со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците, постојано се посолуваат и пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, „Слобода“, „Мајка Тереза“, Камениот мост и Мостот на револуцијата, посочуваат од ЈП „Комунална хигиена“.
Додаваат дека од механизацијата се употребуваат мултикултиватори, трактори со специјални четки и ножеви за снег, трактори со плуг и патарки за расфрлање на сол и дека во согласност со временските услови, активностите ќе продолжат и во текот на ноќта
Ново на Сител
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран
-
Продолжен притворот за напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Детска болница Козле доби вода
-
Инвазија на Кратери во Скопје
-
Кривична против 17-годишник од Скопје, во продажен објект со остар предмет одзел пари од вработените
-
Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици
-
МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника
-
ЦУК: Изгаснати 28 пожари, активен еден пожар во општина Василево