Девојката по крвавата трагедија ќе остане во болница под надзор на психијатар
Дваесет и двегодишната девојка од Кочани, која беше сведок на трагедијата во која беше убиена нејзината мајка, ќе биде задржана во кочанската болница под надзор на психијатар, со оглед на стресот и траумата која ја има доживеано, потврдила за „Фокус“, доктор Борка Панова, директорка на болницата.
– После страшната семејна трагедија што се случи, девојката е кај нас во болницата и е во стабилна состојба. Има некои расекотини по телото. Сепак, после се што и се случи, таа е под стрес и мора да остане тука и одредено време да биде под надзор на психијатар. Таква семејна трагедија во 21 век е страшно и жално, истакна доктор Панова.
Од МВР и од обвинителството утринава информираа дека во 3.30 часот по полноќ се случила голема семејна трагедија, кога кочанец најпрвин ја убил својата сопруга, а потоа се самоубил. Она што семејната трагедија ја прави уште по траорна е што крвавиот чин се случил пред очите на двете нивни деца.
– Утринава во 3.30 часот, по семејна расправија, сега починатиот Б.А. неколкупати со нож ја ранил својата сопруга Л.А. Откако увидел дека жртвата покажува знаци на живот посегнал по чекан и со него и нанел неколку удари во главата со намера да ја усмрти. Сведок на насилството биле децата на брачниот пар, 22- годишната ќерка и 13 годишното момче кое веднаш побегнало и се засолнило кај соседи. Ќерката, по безуспешен обид да го спречи својот татко во кој и самата претрпела повреди, го пријавила случајот во полиција, велат од обвинителството.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион