Девојка тешко повредена во сообраќајка меѓу три возила на патот Штип-Карбинци
Дваесет годишна штипјанка е сериозно повредена во сообраќајна несреќа која вчера околу 21:45 часот се случила меѓу три возила на регионалниот пат Штип-Карбинци.
Во несреќата учествувале автомобили „Шкода“ со штипски регистерски таблици управувано од М.С.(58) од Карбинци, „Фиат Палио“ со штипски регистерски таблици управувано од В.Ш. (21) од Чардаклија и „Алфа Ромео“ со штипски регистерски таблици управувано од Д.С.(29) од Штип.
-Во незгодата сопатничката од возилото „Алфа Ромео“ А.Ј.(20) од Штип се здобила со тешки телесни повреди по што со друго возило била пренесена во Клиничката болница во Штип, каде и била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истата била префрлена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.
Поради вршење на увид од 21,50 до 00,30 часот сообраќајот бил во прекин во двата правци.
Ново на Сител
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина
-
Преглед на вестите од светот
-
Каде ќе се одржуваат рочиштата за трагедијата во „Пулс“?