Девојка чиј татко се спаси од пожарот во Тетово: Не тврдиме дека причината за пожарот е пукнат штекер!
Девојка од Тетово, чиј татко успеал да се спаси од пожарот во модуларната болница, раскажа што се случувало критичната вечер, бидејќи како што вели, дел од медиумите за кои дала изјава, си извадиле свои заклучоци.
Го пренесуваме статусот во целост:
“Значи вака – ова е нашата приказна!!!
Прво, ОГРОМНА ама НАЈОГРОМНА благодарност за медицинскиот персонал во Модуларната болница во Тетово! Вложуваат надчовечки напори за секој пациент сместен таму и тоа е единствената вистина и став на моето семејство. Се останато напишано е невистина и срамота да се изврти!
Дека пациентите во модуларна се со придружба поради недостиг на персонал е точно, да, но сфатете дека бројот на хоспитализирани во Тетово е ОГРОМЕН! Медицинскиот персонал, колку и да е дефицитарен, прави се што може за пациентите згрижени таму и ова ви го кажувам од прва рака! Не е фер да се изврти работата и да се оцрни името на персоналот – на татко ми вчера му помогнал да излезе еден човек, но сестра ми во таа паника не видела кој е, а денеска дознавме дека човекот бил дел од ПЕРСОНАЛОТ!
Се покајав што воопшто давав изјави за медиуми, бидејќи дел од нив од ваква трагедија сакаат да направат сензација (секоја чест за исклучоците, а ги има) и не почитуваат никаков етички кодекс. Ве молам не ни ставајте зборови во уста!
Муабетот дека поради пукнат штекер настанал пожарот – да, кажав дека таков муабет слушавме, а сигурно и сите вие во Тетово слушате. НО! Сестра ми и татко ми не виделе ништо, се што сакале во тој момент и таа паника било да се спасат и во никој случај не тврдат дека тоа е причината за пожарот бидејќи пак напоменувам НЕ ВИДЕЛЕ!
Дека пожарот изби многу бргу е факт, дека луѓе гореа живи за жал е факт, факт е дека мојте а и многу други избегаа низ прозорец, факт е дека колку и да го критикувате постоењето на придружба – придружбата заедно со персоналот им помогнаа на дел од пациентите да се евакуираат.
А најголем факт е дека ова е огромна трагедија за која верувам НИКОЈ не посакувал да се случи – пожарот се рашири многу брзо и тоа е максимумот што можеше да се направи и спаси.
ВЕ МОЛАМ ПОВТОРНО – не ми ги извртувајте зборовите и не додавајте масло, дај да ги жалиме мртвите и да им помогнеме на преживеаните место да правиме приказни за поголема читаност, напиша Јована на фејсбук.
Ново на Сител
-
Трамп: Системот „Златна Купола“ бесплатен за Канада ако се приклучи на САД
-
Синер за ЛШ: Ќе биде одлично доколку победи Интер, но ќе бидам среќен и за Донарума
-
Национална конференција „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност“
-
Сиљановска -Давкова во работна посета на Казахстан, денеска на средба со претседателот Касим-Жомарт Токајев
-
Пред пратениците Предлогот за именување гувернер на Народната банка
-
Променливо облачно со сончеви периоди
-
Кражба во црквата “Св. Спас” во Сопиште, приведени двајца скопјани
-
САД повеќе не препорачуваат вакцини против Ковид-19 за бремени жени и здрави деца