-->
-->
Девојче родено со срце надвор од телото - Лекарите рекле дека нема да преживее, но...
-->

Вирсавија Борун (6) е родена со многу ретка состојба во која срцето и и другите внатрешни органи се надвор од градниот кош и од стомачната празнина.
Малата Вирсавија е родена во Русија, а неодамна со мајка си се преселија на Флорида. Таа страда од ретко пореметување кое се јавува еднаш на 5,5 милиони родени деца. Нејзиното срце, големо колку тупаница, може да се види како чука надвор од нејзиното тело, прекриено со тенок слој кожа.
Нејзините внатрешни органи, исто така, се надвор од телото со оглед на тоа дека нема стомачни мускули и дијафрагма.
- Кога бев трудна, лекарите ми рекоа дека бебето нема да преживее, вели нејзината мајка Дари Борун. Но, шест години подоцна Вирсавија е живо и паметно девојче кое ужива да црта понија, оди на часови по цртање и сака да танцува на песните на Бијонсе.

Мајка ѝ пронашла лекар во Бостон, кој бил подготвен да го лекува девојчето. Но, не можело веднаш да биде извршена операција, зашто малечката имала висок притисок. Имајќи ја предвид нејзината состојба и подготвеноста на организмот да поднесе операција, ќе мора да причека две години.
Госпоѓата Борун, која е самохрана мајка, ѝ се обратила на јавноста барајќи помош за покривање на трошоците за лекување. Преселбата на Флорида, исто така, е условена со состојбата на Варсавија, зашто таа не може да живее на студена клима. На Флорида не се разболува толку често како во Русија.

Од нивното доаѓање во САД Варсавија учи англиски, но не оди на училиште. Додека ја чека операцијата, црта, танцува и слуша музика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен
-
ДКСК утре ќе му одговори на Собранието дали смее да бира претседател на Антикорупциска
-
Полицијата ја врати разрешената директорка од Демир Хисар од информативен разговор, не ја викнале денес
-
Мицкоски е подготвен да плати „политичка цена“ со непопулистички мерки против поскапувањето на храната
-
Македонија има визија за Вештачка интелигенција, но само декларативно
-
Алиу тврди дека одлуката за одземање на ингеренциите за лиценци на Стоматолошката комора е аргументирана