Деветто „Ѕвездено небо на Тоше“
На плоштадот „Македонија“ во Скопје вечерва се одржи деветтата манифестација „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ која ја организира фан-клубот на Тоше.
Манифестацијата се одржува од 2008 година во чест и сеќавање на последниот концерт на македонската музичка легенда Тоше Проески (1981-2007) и оттогаш секоја година на овој датум на плоштадот во главниот град се пеат неговите песни.
На 5 октомври 2007 година Тоше го одржа последниот концерт на Градскиот стадион во Скопје, кој беше хуманитарен и во соработка со УСАИД наменет за подобрување на условите во училиштата.
На тој концерт Тоше го промовираше и последниот албум „Игри без граници“. По 11 дена, утрото на 16 октомври 2007, Тоше загина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска, на 26-годишна возраст.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга