Деветта ликовна колонија „Свети Пантелејмон“ во општина Карпош
Во организација на Општина Карпош денеска и утре ќе се одржува деветтата ликовна колонија „Свети Пантелејмон“ на која ќе учествуваат ученици од десетте основни училишта од општината. Во ликовната творечка работа ќе учествуваат и ученици од збратимените општини.
Манифестацијата денеска ќе се одржи во манастирот „Св. Пантелејмон“ на падините на Водно, а утре во дворот на библиотеката „Другарче“ во Кинотеката на Македонија.
- Секоја година колонијата е интересно дружење меѓу учесниците од повеќе држави на Балканот, со цел да се продлабочи и да се воспостави трајно и долгорочно пријателство, кое на својствен начин преку уметноста го афирмира општината Карпош, соопшти организаторот.
Настанот денеска со поздраво обраќање ќе го отвори градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, кој утре попладне ќе им додели дипломи и благодарници на учениците, менторите и на училиштата од збратимените општини.
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза