Деветмина загинати во железничка несреќа во Германија
Девет лица загинаа, а над 150 се олесно или потешко повредени денеска во судир на два патнички воза во германската покраина Баварија, јави допсиникот на МИА од Берлин.
Триесетина од повредените со во критична состојба, поради што во Минхен се организира доброволна акција за дарување на крв за повредените.
Првичната истрага за судирот што се случил рано изутрина околу седум часот во близина на местото Бад Ајблинг на железничката линија што ги поврзува градовите Розенхајм и Холцкирхен, се уште не ги утврдила причините за инцидентот.
Возовите се судриле на дел од маршрутата каде што максимална брзина на движење е 120 километри на час.
Меѓу загинатите е главниот машиновозач на еден од возовите, кои при судирот излетале од шините, а истражителите се уште не можат да го најдат телото на вториот машиновозач за кого исто така се претпоставува дека е загинат.
Според снимките, што ги пренесуваат германските медиуми првите вагони од двата воза се речиси целосно уништени. Судирот се случил на место каде што железничката пруга од едната страна има река, а од другата густа шума поради што операцијата за спасување во која што се користат десетина хеликоптери се врши во отежнати услови.
Ново на Сител
-
Костадиновски се сретна со Силвестри
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада