Девет бремени Американки се заразиле со вирусот зика, Бразил вети ќе го совлада вирусот пред Олимпијадата
Заразување со вирусот зика било потврдени кај девет бремени државјанки на САД, јави ДПА.
Сите тие посетиле или живееле во места каде што вирусот активно се распространува. Три од нив родиле и во еден од случаите детето страдало од реткото нарушување микроцефалија.
Две од жените избрале да извршат абортус, додава ДПА.
Се истражуваат и други десет случаи на можно заразување со зика меѓу бремени жени.
Вкупно биле потврдени 107 случаи на заразување при посета на други земји. Ниту еден од нив не се заразил на територијата на САД.
Центарот за контрола на заразни заболувања во САД соопштува дека кај три жени е потврдено заразување со зика, кое веројатно го добиле преку сексуален контакт со партнер, кој неодамна патувал во област, каде вирусот активно се распространува, јави ДПА.
- Ситуацијата во врска со ширењето на вирусот зика во Бразил ќе биде совладана пред почетокот на Олимписките и Параолимписките игри, што ќе се одржат во Рио де Жанеиро во август, изјави Едину Силва, портпарол на претседателката Дилма Русеф.
Тој изрази уверување дека бразилските власти водат борба со комарците, кои го пренесуваат вирусот.
Властите ќе се стремат да покажат дека е постигнато реално намалување на случаите на заразување со вирусот зика. - Тоа е единствениот начин да се добие довербата на туристите и спортистите, додаде тој.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок