Македонија
13. March 2016 - 14:51

Детски карневал во Струмица

Над илјада деца од градинките и основните училишта од Струмица и околните општини беа дел од традиционалниот детски карневал. По синоќешното главно дефиле, неделата е за најмладите и нивните маскенбалски креации.

Поради дождливото време, детскиот карневал се одржа на платото под плоштадот „Гоце Делчев“.

На карневалската улица продефилираа хероите од бајките, современи ликови, пирати, гроздови, виножита...

Осумдневните карневалски свечености продолжуваат и утре со прослава на чист понеделник и отворање изложба на карикатури и афоризми, а вторник и среда се резервирани за тримерските обичаи.