Македонија
15. September 2020 - 14:23

Детето позитивно на Ковид 19 е од скопската градинка 13 Ноември – Во самоизолација оди цела група!

Од Министерството за труд и социјална политика потврдија дека детето позитивно на Ковид-19 е од скопската градинка 13 Ноември, клон Јасмин. Појаснуваат дека детето е на 15 месечна возраст и било во јасли. Во градинка се појавило само на првиот работен ден на 9-ти септември, кога претојувало само еден час поради адаптација. Потоа не го носеле во градинка и воспитувачките биле изавестени дека е дома поради вадење на запчиња. Но вчера, надлежните во градинката добиле известување од родителите дека и тие и детето се позитивни на Ковид-19. Почитувајќи ги мерките од протоколот, од МТСП велат дека градинката ги презела сите мерки и во самоизолација одат децата од групата како и воспитувачките.

 

Сања Димитровска