Детектор: Денеска е потешко да завршите работа онлајн отколку пред 5 години
Мнозинството граѓани или 49% од нив сметаат дека денеска е потешко да се извадат документи или да се заврши некоја административна услуга споредено со пред 5 години, покажува последното истражување на јавното мислење кое по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. 26,7% не гледаат никакви промени а 19% сметаат дека денеска полесно се завршуваат работите кои ги имаат со јавните служби.
Споредбата со ланската анкета покажува дека оваа година бројот на граѓани кои сметаат дека денеска потешко се соработува со државните служби отколку пред 5 години, скокнал од 25,7% лани на 49% оваа година.
И покрај серијата проблеми со хакери кои ги имаат мноштво државни институции, кај граѓаните нема некое посебно зголемување на ставот за безбедноста на нивните лични податоци.
Ако лани, 32% сметале дека нивните лични податоци не се безбедни и заштитени, оваа година таа бројка паднала на 31,5%.
57,5% сметаат дека нивните лични податоци се заштитени, што е над 10 поени повеќе од ланските 46,6%.
Над половина од граѓаните или 55,2% сметаат дека реформата во јавната администрација треба да биде насочена кон дигитализација и намалување на бројот на вработени. Само 23,7% од анкетираните сметаат дека реформата треба да се фокусира на обуки на вработените и нови вработувања. Ова прашање о поставуваме во серија наши анкети во последните 5 години и нема некои промени во расположението на граѓаните. Во сите, над половина од граѓаните сметаат дека реформите треба да бидат насочени кон дигитализација и намалување на бројот на вработени.
Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари годинава.
Ново на Сител
-
Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“
-
Заборави на рата, фиксирај со плата – Нов кредит до 300.000 денари во „ФЛЕКС КРЕДИТ“
-
Секое дете заслужува да расте со ЉУБОВ – хуманитарна кампања во НЕПТУН
-
Сител Телевизија вработува новинар во веб редакцијата
-
Електронско аплицирање за ученички стипендии до 15 октомври
-
Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците
-
Мицкоски: Првата половина од автопатот Кичево - Охрид ќе биде пуштена во мај
-
Од денеска намалени цените на пет патарини во Грција