Македонија
26. February 2023 - 15:53

Детектор анкета: Политичарите ги трошат парите на граѓаните за лични интереси

Осум на 10 граѓани се убедени дека кога политичарите купуваат со наши пари, не се водат од нашите, туку од личните интереси, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

80,4% од анкетираните сметаат дека при трошењето на јавните пари политичарите се водат од личните и партиските интереси наспроти само 7% кои сметаат дека при трошењето на јавните пари, политичарите се водат од интересот на граѓаните.

Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01  до 04 февруари оваа година.