Детектор анкета: Граѓаните сметаат дека власта е најодговорна за економската криза во која што се наоѓа Македонија
Најголем дел од граѓаните сметаат дека власта имала најголемо влијание и одговорност за актуелната економската во криза во Македонија, покажува најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
На скалата од 1 до 5, 44% од граѓаните и дале „петка“ на Владата за степенот на одговорност за кризата во Македонија.
33,2% со највисок степен на одговорност за кризата ја оцениле војната во Украина а 29% други надворешни фактори Најмало влијание според граѓани врз кризата имале корона пандемијата и опозицијата.
На скалата од 1 до 5 највисока средна оценка како највисок степен на одговорност за актуелната економска криза во Македонија добила власта. Нејзината средна оценка е 3,95. 44,3% сметаат дека таа имала големо влијание врз кризата додека само 8,2% сметаат дека политиките на власта не влијаеле врз економската криза.
Со средна оценка од 3,9 граѓаните сметаат дека други надворешни фактори имале големо влијание врз кризата.
Најмала средна оценка за своето влијание врз кризата има опозицијата. На скала од 1 до 5 граѓаните ја оцениле со 3,13.
Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември
Ново на Сител
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО