Македонија
14. April 2021 - 13:24

Детали за страшната сообраќајка на патот Маврови Анови-Дебар, познат идентитетот на загинатиот и повредените

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 15:50 часот се случи на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на Ростушки мост.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски истакна дека во несреќата учествувале автомобил „хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки управуван од 68-годишниот А.Ѓ. од Скопје и товарно возило влекач „ман“ со приколка со српски национални ознаки, управувано од 52-годишниот Љ.Д. од Панчево.

-Во несреќата возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројцата сопатници од истото возило М.Р.(26), Ј.Т.(30) и Г.Т.(34)  биле пренесени во Скопје за укажување на лекарска помош, информира Јосифоски.

На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Возачот на товарното возило е приведен во Полициската станица Гостивар.