Македонија
13. March 2016 - 12:24

Детали за страшната сообраќајка на Илинденска

Едно лице е тешко повредено, но во стабилна состојба по вчерашната сообраќајна несреќа на раскрсницата со „Илинден“ и „8 Септември“.

Како што е познато, до несреќата дошло при судир на „Ровер“ управуван од С.Н. (49) и „Сеат Алтеа“ со која управувал Л.И.

Во несреќата тешко повреден е возачот на Роверот кој бил пренесен во Ургентниот центар и е задржан на понатамошно лекување. според неофицијалните информации возачот се здобил со скршеници на четири ребра, но се наоѓа во стабилна состојба.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.