-->
-->
Детали за сообраќајката во Србија: Се тркале со мотори - едниот се забил во возило со 200км/ч, другиот побегнал
-->
Во стравичната сообраќајна несреќа која се случи денес во село Церовер кај Шабац, загинаа М.С(33) и нејзиниот син В.С.(3), како и возачот на мотоциклот Н.З.(44).
Според информации од очевидци, две лица се тркале со мотори, од кои едниот е загинатиот мотоциклист. Во еден момент тој со моторот удрил директно во автомобил при што загинал на лице место. Додека пак вториот мотоциклист побегнал од местото на несреќата.
Извор кој е упатен во случувањата изјавил дека мотоциклистот со 200км/ч удрил во автомобилот во кој се превезувале младата мајка и нејзиниот тригодишен син.
Стравичната сообраќајна несреќа ја преживеала жената С.с.(56) која управувала со возилото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Струга: Агресивно се однесувал во казино, па го нападнал обезбедувањето - Кривична за 33 годишен маж
-
Wing Chun Надеж за Иднината | Si-Fu Ѓоре Костовски | Личен развој | Sitel Podcast 060
-
Гаснењето на пожарот во Чаир отежнато поради големата количина запаливи материјали
-
Без вода утре корисниците од „Мишко Михајловски“ и дел од „Франклин Рузвелт“
-
23-годишен гостиварец лажно пријавил дека му извадиле нож, поденесена му е кривична пријава
-
ЈО: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува
-
Папата го прогласи 7 октомври за ден на пост и молитва за мир
-
Борис Кондарко избран за претседател на ДИК