Детали за сообраќајката на патот Прилеп - Битола, маж загина, жена тешко повредена
Рано утрово во 04,30 часот на магистралниот пат Прилеп- Битола, во близина на с.Српци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “БМВ“ со охридски регистерски таблици управувано од А.Р.(42) од Охрид и патничко возило “Киа Соренто“ со скопски регистерски таблици управувано од Т.К.(25) од Скопје.
Во незгодата возачот на “БМВ“ -то, А.Р. починал на самото место, додека со тешки телесни повреди се здобила Р.С.(36) од Охрид сопатничка од истото возило, а вториот сопатник во возилото Е.С.(41) од Охрид се здобил со телесни повреди.
Исто така, со телесни повреди се здобил и возачот на “Киа соренто“, Т.К.
Повредените биле пренесени во КБ-Битола за укажување на лекарска помош. Од страна на СВР-Битола на местото на настанот бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот