Детали за крвавата семејна драма во Скопје: Ја избодел сопругата па со зетот ја однел во болница
Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против лицето Б.А.(54) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид во вршење семејно насилство”, казниво по член 123 став 2, а во врска со член 19 од Кривичниот законик на Република Македонија.
На 2.овој месец околу 20.00 часот во семејниот дом, по кратка вербална расправија со неговата сопруга П.В.(52), пријавениот со нож и нанел убодна рана во пределот на стомакот.
Бидејќи П.В. многу крварела, околу 02.30 часот на 03.09.2018 година, пријавениот побарал помош од нивниот зет за ќерка и со неговото возило ја однеле П.В. во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде што била задржана за
понатамошно лекување. Полициски службеници извршиле разговор со оштетената, по што Б.А. е лишен од слобода и задржан во полициска станица.
Ново на Сител
-
Македонска гордост
-
Преглед на вести од светот
-
Младите веќе не заминуваат само поради пари, туку пред се поради немање пристојни услови за градење иднина
-
Орбан нуди посредство за преговори со Софија, одлуката на Брисел ја оцени како историска грешка
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Средношколци во Сител за Денот на медиумите
-
Средба Мицкоски - Орбан во Охрид
-
Kој е виновен што Mакедонија не напредува кон ЕУ – партиите си разменија обвинувања