Македонија
5. November 2016 - 13:53

Детали за избоденото дете во автобусот на ЈСП

Вчера околу 12,15 часот во Скопје во автобус на ЈСП линиски број 65Б, кој се движел во правец према с.Смилковци, додека 16 годишно малолетно лице од с.Црешево - Скопје заедно со уште неколку лица седеле на вториот спрат автобусот, на постројката пред бензинската пумпа лоцирана на ул.„Методија Андонов Ченто“ се качиле три засега непознати машки лица на возраст од околу 16-17 години и седнале 
во близина на оштетениот.
 
Во еден момент едно од лицата дошло до оштетениот и физички го нападнал со тупаници и клоци, при што му се придружиле и другите лица кои продолжиле да ги удираат, влечат и малтретираат оштетениот и уште едно лице. 
Еден од сторителите кој држел нож во рацете, го доближил до вратот на едно женско лице. Во тој момент оштетениот со намера да го отргне сторителот го турнал, а потоа сторителите со ножеви замавнувале кон оштетениот и неговиот пријател при што му нанеле расекотина на десната потколеница.
 
По кратко време откако се отвориле вратите на автобусот, сторителите побегнале.
 
Се преземаат мерки за пронаѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.
 

Вчера забележан е уште еден инцидент во друг автобус на ЈСП, при што истепано е 18-годишно момче. Имено, во 12.20 часот во ПС ОН-Гази Баба, Ф.А.(18), од с.Црешево - Скопје, пријавил дека истиот ден околу 11.50 часот на ул.„Антон Попов“ поточно во автобус на ЈСП бр.65 кој сообраќал на релација с.Раштак-Скопје, физички бил нападнат од страна на машко лице на возраст околу 18 години, кој го удрил со тупаница во пределот на лицето, при што му нанел видливи повреди во вид на оток и црвенило.

До физичкиот напад е дојдено без повод и причина.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.