Балкан
5. September 2017 - 10:33

Детали за двократното убиство: Мирослав ги закла сопругата и тештата и мирно ја почека полицијата

Мирослав Шаренац (51) вчера во вишеградкста населба Омар ја закла својата невенчана сопруга Бранка Шимшиќ (54) и нејзината мајка Обрадина Шимшиќ (80), а потоа повикал полиција која го уапсила на местото на злосторството во семејната куќа, потврди полицијата на Република Српска.

Според неофицијалните информации, Мирослав Бранки и Обрадина ги заклал со нож, а полицијата ги истражува мотивите за ова двократно убиство. Според едната верзија, таткото на убиената Бранка Шимиќ бил дома кога се случило убиството, но успеал да побегне, а според другата, воопшто не бил тука кога се случило злосторството, зошто Мирослав наводно го чекал моментот кога тој не бил во близина.

-Во полициската станица во Вишеград околу 10.40 во понеделникот е пријавено дека Шаренац ја усмртил сопругата и нејзината мајка. На самното место излегла патрола на полицијата која во семејната куќа ги затекнала двете безживотни тела и убиецот. За настанот е известен дежурен Обвинител од Окружното јавно обвинителство за Источно Сараево, кој заедно со полициски службеници од Вишеград дошол на самото место, соопшти полицијата.

Ништо не укажуваше на трагедијата

Врз телата денеска треба да се направи обдукција за да се утврди причината за смртта.

Неофицијално, Мирослав е родум од Рогатица и пред шест години дошол во Вишеград за да живее со Браника, нејзината мајка и татко во нивната семејна куќа. Соседите не сакаа да дадат изјави за страотното злосторство во нивната населба, но велат дека биле мирни и немало кавги во семејството.

Мирослав Шаренац работел во пилана кај Вишеград. Тој е спроведен на сослушување, а се очеквуа во вторник да биде префрлен во обвинителството на натамошна постапка.