Џет-Сет
21. May 2018 - 16:17

Детали од запознавањето на Лукас и Цеца: „Кажа дека ме обожава“

Не е тајна дека Аца Лукас и Цеца Ражнатовиќ веќе 20 години се блиски пријатели и колеги, и покрај ривалството меѓу неа и уште една добра пријателка на пејачот – Јелена Карлеуша. Сепак, ќе признаете дека толку долго пријателство е вистинска реткост во светот на познатите, а како почнало, Аца Лукас раскажа неодамна во една ТВ-емисија.
 
Заедно поминавме многу убави работи. Неофицијално се запознавме во 1989 година. Јас бев во РТС со Викторија, имавме настап, а Цеца тогаш беше многу млада. И тогаш се запознавме. Седеше некои 5 метри пред нас и и’ кажа на Викторија дека ја обожава. По некое време се сретнавме, ја прашав дали се сеќава дека и’ пријде на Викторија и и’ кажа дека ја сака, па со радост се присетивме на таа случка“, се присети Аца Лукас.