Детали од извештајот за случајот со д-р Асани: Пациентката е третирана согласно постоечките медицински норми
Јилдиз Веапоска е соодвено примена и адекватно предоперативно подготвена подготвена за елективно завршување на бременоста, соопшти Министерството за здравство, испраќајќи детали од извештајот на Лекарската комора. Таа не констатира неправилности во работата на директорот на струшката болница, д-р Мухамед Асани.
-Не се евидентирани пропусти при оперативното завршување на породувањето и во текот на постоперативно следење и менаџмент на пациентката. Лекарската екипа инволвирана во лекувањето и третманот на пациентката соодветно и навремено реагирала при првите знаци на влошување на општата здравствена состојба на пацинетката и ги искористила сите расположливи ресурси на болницата за адекватно згрижување на пацинетката во услови на живото-загрозувачка состојба, се вели во дописот кој го испрати Здравство.
Увид е направен и во Скопје, а ниту таму не се утврдени пропусти.
-Од моментот на приемот до моментот на исписот таа е третирана согласно постоечките медицински норми и стандарди. Сите преземени мерки се во насока на стабилизација и подобрување на здравствената состојба на пацинетката, појаснуваат од МЗ, повикувајќи се на извештајот од Комората.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот