Балкан
17. April 2017 - 18:11

Детали од хоророт во станот: Марина ја избодела другарката 30 пати, а потоа ја запалила!

На Марина Савиќ (34)  од Зајечар и е одреден притвор од 30 дена под сомнение дека со кујнски нож минатата недела ја убила својата блиска пријателка и соседка Мирјана Костиќ (49), а потоа и подметнала пожар да ги скрие трагите.

Ова страотно злосторство се случило минатата недела во зајечарската населба Краљевица, а неофицијално, Марина ја избодела пријателката во бес, но не ја запалила.

Соседите се потресени од страотното злосторство: Мирјана изгорала среде бел ден во својот стан, а пожарникарите го спасиле само нејзиното куче.

-Сите мислеа дека изгорела во пожарот, зошто од изгорениците не и се гледала кожата, па ни убодите од нож. Меѓутоа, обдукцијата покажала дека Мирјана всушност е избодена повеќе од 30 пати, пишува Блиц.

Веднаш по ова сознание, полицијата разговараше со пријателите, познаниците и соседите на несреќната жена. Тогаш виделе и дека соседот кој живее во станот карши Мирјана имал инсталирано камери за видео надзор.

Тој веднаш им ги дал снимките од камерите, на кои јасно се гледа како Марина Савиќ непосредно пред пожарот излегува од станот на настраданата жена.

Foto: Facebook

Неофицијално, полицијата отишла на вратата на Марина, но таа негирала дека има некаква врска со пожарот. Полицијата и рекла дека на телото на пријателката пронашле 30 убоди со нож и Мирјана така го признала злосторството.

Што било мотив крвнички да ја убие својата пријателка, полицијата не е сосема сигурна.

Според едната верзија, жртвата на убиецот и должела 300 евра кои не сакала да ги врати, поради што дошло до кавга и до злосторството.

Според другата верзија Мирјана ја продала гарсоњерата која ја имала во Зајечар, а Марина која има приватна фирма која работи со загуба, и ги побарала на заем парите. Меѓутоа, Мирјана одбила да и ги понуди парите од продажбата на гарсоњерата поради што се скарале и потоа се степале.

Неофицијално, Марина тогаш од масата во станот на својата пријателка го зела ножот и почнала да ја боде Мирјана додека таа бегала низ станот. Мирјана пружила и отпор, а дека бегала говорат убодните рани зададенипод различни агли, поради што на полицијата веднаш и било јасно дека Мирјана не лежела додека пријателката ја бодела.

Foto: Facebook

Марина во полиција рекла дека таа по злосторството не го подметнала пожарот туку тврдела дека во таа борба и кошкање од шпоретот на дрва падал жар на тепихот и дека огнот пламнал во станот откако таа побегнала од таму.

Како што се дознава, Мирјана се уште била жива кога Марина го напуштила станот.

-Била жива, но од бројните убоди не можела да се мрда и да се спаси од огнот, вели извор.

Откако соседите забележале чад повикале пожарна и полиција, а Мирјана се уште била жива. Со Итна помош е пренесена на Ургентниот центар на Интензивна нега. Лекарите за нејзиниот живот се бореле 30 минути, по што несреќната жена починала зошто 80 проценти од телото и било прекриено со изгореници.

Foto: Facebook

Мирјана во станот во Зајечар живеела сама, но има син кој студира во Нови Сад. Таа во текот на викендот е погребана, а трошоците за погреботи ги покри нејзиниот поранешен сопруг кој живее и работи во странство.