Детали: Го бодел по главата и вратот, ножот се скршил па го удирал со дршката
Обид за убиство во Кочани како на филм. Се договориле да се видат заради купопродажба на телефон па се обидел да го убие.
- На 13 септември, во вечерните часови, осомничениот се договорил со оштетениот да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани заради купопродажба на мобилен телефон. Кога се сретнале на наведеното место, осомничениот влегол во возилото на оштетениот, седнал на совозачкото место и започнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон. По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот. Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што осомничениот се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот, соопшти кочанското ОЈО.
Од МВР соопштија дека осомничениот е уапсен на граничниот премин „Табановце“. Против 24-годишникот е поднесена кривична пријава. Тој е изведен пред судија на претходна постапка и му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица