Македонија
14. February 2020 - 13:50

Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ нема бомби туку петарди

Министерката за правада Рената Дескоска, му реплицираше на Милошоски и рече дека ова било само добар блеф на пратеникот.

-Вие едвај чекавте да не добиете дозвола да ја пуштите снимката, бидејќи и онаа што ја пуштивте на седница на собраниска комисија не беше „бомба“, туку обична петарда без значење, рече министерката.

Ова, рече Дескоска, укажува на страв и паника кај вас, и претставува обид  за опструирање на законот, како што правевте цела година. Вие, му рече министерката на правда Дескоска, само сакавте со законот да се поништат сите постапки и од СЈО и од ЈО.

Таа додаде дека очекува 80 пратеници, на кои, како што рече, им е важна иднината на земјата и воспоставување на правадата да го поддржат законот.