Дескоска: Подготовката на квалитетен закон за јавно обвинителство е завршена, очекувам поддршка во Парламентот
Законската рамка за јавното обвинителство предложена од Министерството за правда е пофалена од меѓународната заедница и очекувам сите политички партии во парламентот да ги стават како приоритетни интересите на нашата држава, пред личните интереси, изјави денеска Министерката за правда Рената Дескоска.
Посочи дека законската рамка предложена од Министерството за правда е пофалена од меѓународната заедница како соодветна за регулирање на прашањата, кои што треба да бидат опфатени со новиот Закон за јавно обвинителство.
-Нашата обврска од аспект на подготовка на квалитетен закон е завршена. Очекувам сите политички партии, кои што се во парламентот и сите пратенички групи да ги стават како приоритетни интересите на нашата држава за евроинтеграција, пред личните интереси на лица за кои што се водат постапки од страна на СЈО, изјави Дескоска.
Прашана дали очекува поддршка од ДУИ за Законот за јавно обвинителство, Дескоска рече дека очекува поддршка од сите.
– Очекувам поддршка од сите, не само од тие што се во властта, туку и тие што се во опозиција, бидејќи ова е закон што може да се донесе само со двотретинско мнозинство, истакна Дескоска.
За тоа дали реформите во правосудството се продуктивни, во случај кога нема кривична одговорност од ниту еден судија и обвинител, Дескоска, рече дека сите закони кои се носат во изминатиот период создаваат многу прецизни и јасни основи за воспоставување на одговорност за сите кои ќе бидат прекршители на законот.
– Одговорноста на Министерството за правда е да предложи квалитетна законска рамка, а одговорност на Јавното обвинителство, на судството е да ја спроведат. Очекувам дека сите ќе бидат свесни за својата одговорност и ќе овозможат ефектуирање на законските одредби кои што се носат. Сега имаме јасни одредби за разрешување на судии и очекувам дека Судскиот совет ќе си постапува по новиот закон за судови, изјави Дескоска.
Министерката Дескоска денеска присуствуваше на конференција посветена на функционалноста на АКМИС системот во судовите, во организација на Министерството за правда и амбасадата на САД.
Ново на Сител
-
Македонските фудбалери вечерва ја пречекуваат Летонија
-
Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел
-
Гувернери на државите во САД создадоа група за да се спротивстават на политиките на Трамп
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд, а на планините снег
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти