Македонија
11. November 2016 - 16:05

Десетина лица брутално претепале две момчиња во автобус на ЈСП

Вчера околу 17.00 часот во ЕИК Скопје, од страна на диспечерскиот центар на „ЈСП“ било пријавено нарушување на Јавниот ред и мир во автобус бр.„50“ на ЈСП, кој се движел од Бит-пазар кон Центар, поточно во близина на Бит-пазар.

Десетина непознати машки лица, на горниот кат од автобусот, физички нападнале две седумнаесетгодишни момчиња од село Орман, и од село Мирковци.

Притоа, двајцата малолетници се здобиле со видливи повреди во вид на црвенило и отоци по лицето и телото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.