Десетици руски детски градинки на Далечниот Исток се евакуирани поради закана од подметнати бомби
Во рускиот град Владивосток се евакуирани 10 детски градинки поради добиени анонимни дојави за опасност од експлозии, пренесе Тасс, цитирајќи ја прес службата на градоначалникот.
Претходно информации за подметнати експлозивни направи беа добиени и во 29 други детски градинки во градот Хабаровск, каде се евакуираат над 5.600 деца.
Слични закани биле упатени и во сите детски градинки во Комсомолск, на Амур, пренесоа агенциите. Пет детски градинки се евакуирани и во градот Благовешченск, по информациите дека се „минирани”, пренесе Тасс.
Органите на реда ги проверуваат објектите. „Денеска овие објекти и немаат многу деца поради снежната виулица, но ние, сепак, ги информиравме родителите за да можат да си ги земат“, прецизира канцеларијата на градоначалникот. Децата и учителите се евакуирани во други објекти во непосредна близина.
Во Владивосток во моментов има виулица и врне снег. Температурата на воздухот е около 10 степени под нулата, јавува Тасс.
Од декември минатата година до сега се примени неколку масовни предупредувања за подметнати бомби во училишта, универзитети и детски градинки во Амурската област, Приморскиот и Хабаровскиот крај и други региони на рускиот Далечен Исток што го нарушија процесот на работа на стотици училишни зданија. Ниту едно од предупредувањата досега не се потврди, забележува Тасс.
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари