Десет милиони жители на Њу Делхи останаа без вода
Повеќе од десет милиони жители на индискиот главен град Њу Делхи останаа без вода, по неколкудневните протести на кастата Џат, која бара поголема работна квота во државната администрација за нејзините припадници.
Според индиските весници, армиските сили успеале во текот на викендот да ја преземат контролата врз главниот извор за снабдување со вода, но е потребно време за да се санира состојбата.
Директорот на компанијата за снабдување со вода во Њу Делхи, Кешаф Чандра изјави дека се потребни барем четири дена за да се нормализира снабдувањето со вода во погодените реони од главниот град.
Демонстрантите од заедницата Џат, бараа повеќе места за себе во квотите за работа, па го зазедоа и главниот извор за вода во Њу Делхи.
Во неколкудневните протести загинаа 16 лица, а стотина други беа повредени.
Изворот за вода што беше „окупиран“ па потоа ослободен од армиските сили обезбедува три петини од потребите за вода на 16 милионскиот главен град на Индија.
Властите организира снабдување со вода од цистерни, а наредија затворање на сите училишта.
Заедницата Џат ја поседува земјата каде се наоѓа главниот извор, во реонот на Харајана, што е соседна територијата на Њу Делхи.
Заедницата Џат и припаѓа на повисоката каста и тие бараат и таков третман при вработувањето во државната администрација. Нејзините припадници живеат во Харајана како и во уште седум други северни индиски сојузни држави.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк
-
Хезболах објави дека уште еден висок командант е убиен во израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут
-
Расходите на Харис во август во кампањата се три пати поголеми од оние на Трамп
-
Русија соборила над 100 украински дронови над неколку области
-
Обилни дождови и поплави во Јапонија и Јужна Кореја
-
Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица)
-
Сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните делови услови за локален дожд
-
Бајден изјави дека САД работат на тоа да им се овозможи на раселените жители од северен Израел да се вратат дома