Десет мигранти откриени во камион на царинскиот терминал во Тетово
Во приколка од камион во кругот на тетовскиот царински терминал биле најдени 10 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш денес околу 12 часот, информираат од СВР Тетово. Возачот и мигрантите се приведени за соодветната постапка.
Во Секторот за внатрешни работи Тетово, од Царинска управа на Република Северна Македонија било пријавено дека мигрантите се најдени дека во приколката во товарно возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Тетово, а управувано од А.С.(25) од село Горно Седларце, тетовско.
Возилото било во кругот на царински терминал. Мигрантите и возачот на возилото биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, информираат од СВР Тетово.
Мигрантите се на возраст од 15 до 49 години.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите