Десет месеци чекање: Убиството на пејачката Јелена се уште мистерија
Денеска се навршуваат точно десет месеци од убиството на пејачката Јелена Марјановиќ (33), а полицијата се уште не соопштила кој стои зад нејзината сурова ликвидација, иако повеќе пати е соопштено дека се знае кој е убиецот.
Кобниот 2. април, Јелена со сопругот Зоран и ќерката Јана излегла од куќата во Борча и заминала на насипот во Црвенка. Околу 15 часот се одвоила од нив заминала сама да истрча круг по насипот, додека тие биле во близина. Ден подоцна нејзиното тело е пронајдено во канал.
Во текот на долгата и исцрпна истрага, во потрага по убиецот сослушани се повеќе стотици луѓе. Во полицијата повеќе пати даваа искази и членовите на нејзиното семејство.
Кон крајот на минатата година, директорот на полицијата Владимир Ребиќ изјави дека знае кој ја убил пејачката зошто за тоа го известиле колегите кои работат на овој случај, но за тоа не може да говори за да не ја загрози истрагата.
Тој тогаш рече дека е убеден дека тоа е „речиси докажан случај“.
Ново на Сител
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ