Свет
1. April 2018 - 12:55

Десет лица загинаа, а двајца се повредени при уривање на зграда во Индија

Најмалку десет лица загинаа, а двајца се повредени при уривање на трикатна зграда во градот Индоре во Индија. 

Спасувачката операција, што беше спроведена во текот на ноќта веќе е при крај, а локалната полиција смета дека нема повеќе лица под рушевините.

Десет лица се извлечени живи од под рушевините. 

Причината за несреќата се уште не е позната. 

Весникот „Тајмс ов Индија“ пишува дека зградата се срушила откако маж влетал со автомобил во предниот дел на објектот.