Дерковски: Изборите не претставуваат кластер за ширење на коронавирусот
Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски смета дека изборите не претствуваат кластер за ширење на коронавирусот и оти тоа го покажале и парламентарните избори што беа организирани во текот на летото.
Според него, и покрај тоа што сега состојбата со пандемијата е посериозна, со искуството од претходните избори многу полесно ќе се организираат предвремените локални избори во Штип и Пласница.
– Предвремените парламентарни избори 2020 година завршија на добар начин и покрај сите предизивици кои ги имавме сите кои бевме во организација, финалниот извештај на ОБСЕ го покажува тоа, кој го добивме пред неколку дена. Организацијата од страна на институциите беше одлично направена сите три дена, помина одлично и нормално со забелешката за објавувањето на резутатите, односно хакирањето на страната на ДИК. И покрај предизвиците од пандемијата тие избори на некој начин добро ги организиравме, истакна Деркоски на панел дискусијата „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“ во организација на ЦИВИЛ во рамки на Фестивалот на слободата.
Дерскоски истакна дека предвремените локани избори во Штип и Пласница, со претходното искуство од минатотот лето, сега полесно ќе ги организираат и дека имаат поддршка од локалните изборни комисии.
– Се покажа дека предвремените парламентарни избори што беа организирани летото, и покрај стравовите, не претставуваа кластер за ширење на вирусот, бидејќи беа преземени сите неопходни мерки за заштита, рече тој.
Во Штип и Пласница, додаде Дерковски, имаме влошена здравствена состојба, но ги преземавме сите можни заштитни мерки за да не бидеме причинители за зголемување на бројките на заболени.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати