Македонија
1. October 2016 - 14:17

Денови на Хрватска во Куманово

Во рамки на одбележувањето на Денови на Хрватска во Куманово, денеска на градскиот кеј на теренот за боќање се одржа мал турнир на кој учествуваа членовите на кумановскиот огранок на хрватската заедница и амбасадорката на Хрватска во Македонија, Данијела Баришиќ.

- Многу ми е драго што токму со ангажманот на хрватската заедница овде во Куманово е направен терен за боќање, бидејќи луѓето се дружат, се запознаваат едни со други. Би кажала дека хрватската заедница овде во Куманово не е некој кој е надоврешен, кој не ја познава и оваа земја и кого Македонија не го познава. Мислам дека е многу добра таа интеракција да земаш од својата држава домаќин и од земјата од каде што си дошол она најдобро и таа комбинација највистина дава најдобри резулати, изјави Баришиќ.
 
Покрај овој турнир, во рамки на одбележувањето на Деновите на Хрватска планирано е да се одржат и изложби од хрватски уметници и хрватска вечер Хрватската заедницата на ниво на државата е формирана 1996 година, додека огранокот во Куманово функционира од 2009 година, информираше претседателот на кумановскиот огранок, Иван Шеркиниќ.
 
- Тежиштето на активностите е насочено кон реализација на проекти од интерес на хрватска заедница, тука се мисли на организација на изложби, изучување на хрватскиот јазик, проекти кои ги реализираме преку хрватска матица на иселеници, изјави Шеркиниќ.
 
Здружението на Хрвати во Македонија, огранок Куманово брои околу 100 активни членови.