Фудбал
31. May 2017 - 12:37

Денеска завршува домашното фудбалско првенство

Попладнево во 16.30 часот се играат дуелите од последното , 36-то прволигашко коло. 

Во домашниот шампионат нема дилеми, Вардар е шампион и денеска на средбата во Ѓорче Петров со Силекс ќе го добие 10-тиот јубилеен пехар за трофеите во независна Македонија. 
Во Лига Европа ќе играат Пелистер, Шкендија и Работнички. Лигата ја напуштаат Брегалница и Македонија ЃП. Бараж за опстанок ќе играат фудбалерите на Шкупи и тоа против Новаци. 
ПРВА МФЛ ПОСЛЕДНО КОЛО
Вардар - Силекс
Шкендија - Пелистер
Брегалница - Работнички 
Победа - Ренова 
Шкупи-Македонија ЃП
Почетокот на натпреварите е во 16.30