Денеска сончево и топло време
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и топло со натпросечни дневни температури на повеќе места низ државата. Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 26 до 35 степени. УВ-вредноста ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време, претежно сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 35 степени.
Под влијание на нов влажен бран, попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во вторник претпладне повторно на повеќе места ќе има поројни дождови и грмежи. Локално се очекува процесите да бидат и поинтензивни, особено во западните делови од земјата. Ќе дува и засилен јужен ветер.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно време. Од четврток дневните температури ќе бидат во постојан пораст. Малку посвежо ќе биде во вторник и среда.
Ново на Сител
-
Лукровски презентираше план за Карпош
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца
-
СДСМ го обвини Орце Ѓорѓиевски дека ги штити дивоградбите во Чаир
-
Дали ќе се ревидира примената на Бадентерово мнозинство?
-
Пелагонија без испитен центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен