Денеска се слави Свети Андреј - голем маченик за верата Христова
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 август.
Денеска е Св. маченик Андреј Стратилат.
Свети Андреј се роди во Сирија, а тука и му служеше на римскиот цар како офицер. Подоцна беше унапреден во војвода, кога Персијанците го нападнаа Рим. Против нив беше испратен истиов Андреј, таен христијанин, кој претходно ги научи своите војници во битката да се надеваат и да му се молат на Христа. Од битката војводата Андреј се врати победоносно во Антиохија. Тука, пак, некој завидливец го поткажа дека е христијанин, па беше затворен. Управникот на градот се најде во недоумица што да прави со него и побара совет од царот Максимијан. Царот го знаеше угледот на војводата, па го посоветува управникот да го пушти светиот, а да бара друга прилика да го убие. Андреј излезе од затворот и кога дозна за ова ги собра своите 2.500 војници, замина во Тарс во Киликија и тука сите се крстија. Наскоро беа принудени да го напуштат Тарс и, бегајќи од римската потера, се настанија на ерменската планина Таврос. А оваа планина ја прими нивната крв. Имено, римската потера ги најде и сите ги погуби, иако овие не дадоа никаков отпор.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце