Македонија
25. April 2017 - 8:11

Денеска се слави светецот кој се упокои во мир, откако во се му угоди на Бога

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 април.

Денеска е Св. Василиј Исповедник.

На историската сцена свети Василиј заблеска во времето на иконоборечкиот византиски император Лав Исавриецот (717-747). Заради неговиот добродетелен живот тој беше ракоположен за епископ на малоазискиот град Парија. Во текот на своето епископство многу пострада од еретиците иконоборци, држејќи се секогаш до правото исповедање на верата, па со право Бог го прослави, преку црквата придодавајќи му го името Исповедник. Се упокои во мир, откако во се му угоди на Бога.