Денеска се слави првата Икона
Tој чу за Христос, исцелителот од сите болести и неволји, па испрати некој иконописец Ананија во Палестина со писмо за Христос, во коешто го молеше Господ да дојде во Едеса и да го исцели.
Во она време кога Господ го проповедаше Евангелието и исцелуваше секаква болест и мака кај луѓето, во градот Едеса на брегот на реката Еуфрат живееше кнезот Авгар, сиот прокажан од лепра.
Тој чу за Христос, исцелителот од сите болести и неволји, па испрати некој иконописец Ананија во Палестина со писмо за Христос, во коешто го молеше Господ да дојде во Едеса и да го исцели. Во случај Господ да не може да дојде, му нареди кнезот на Ананија да го иконописа Неговиот лик и да му го донесе, верувајќи дека тој лик ќе му го поврати здравјето.
Господ одговори дека не може да дојде, зашто се приближуваше времето на Неговото страдање.
Но, Самиот зеде крпа, го избриша Своето лице од неа и врз крпата совршено се впиша Неговиот пречист лик. Таа крпа му ја предаде Господ на Ананија, сопорака дека од неа кнезот ќе се исцели, но не сосем, заради што Он нему ќе му испрати подоцна пратеник којшто ќе го избрише и остатокот од неговата болест. Кога ја прими крпата кнезот Авгар ја целива и лепрата падна од неговото тело, но му остана малку на лицето.
Подоцна проповедајќи го Евангелието кај Авгар отиде апостолот Тадеј, тајно го исцели и го крсти.
Тогаш кнезот ги искрши идолите што стоеја на градската порта и над портата ја стави онаа крпа со Христовиот лик, откако претходно ја залепи на дрво и ја вглави во златна рамка накитена со бисери. Уште кнезот под иконата на портата го напиша и ова:
„Христе Боже, никој кој што се надева на Тебе нема да се посрами.”
Подоцна еден од правнуците на Авгар го обнови идолопоклонството. И епископот на тој град дојде ноќе и ја заѕида иконата над портата.
Оттогаш поминаа векови. Во времето на царот Јустинијан Едеса беше нападната од персискиот цар Хозрој и градот беше во голема неволја. Тогаш епископот Евлавиј имаше видение на Пресвета Богородица, Којашто му ја јави тајната за заѕиданата и заборавена икона. Ја пронајдоа иконата и со нејзината сила персиската војска беше победена.
Ново на Сител
-
Кривична за двајца полициски службеници, дозволиле да застарат 14 дела за тешки кражби
-
Мицкоски: Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека
-
Го оштетиле буџетот за 2,2 милијарди денари, поднесени обвиненија за „Онкологија“
-
Мицкоски за дивоградбата во Чаир: Градоначалничката на Град Скопје има ингеренции и треба да постапува
-
Лишен од слобода крадец во Куманово, одземеното е пронајдено
-
Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили
-
Просечната нето плата во март 44.763 денари
-
Нова акција на МВР: Се разбива мрежа за нелегални престои на странски државјани