Македонија
12. February 2023 - 8:55

Денеска облачно време со слаб снег на планините

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со појава на локален слаб снег на планините, најпрвин на северот од земјата, а потоа слаб снег ќе провејува претежно во западните планински делови.

Според прогнозата на УХМР, преку денот ќе дува и умерен до засилен северен ветер најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Од понеделник следува период на стабилно време, утринските температури нема да бидат многу ниски, а дневните до средината на неделата ќе бидат во постепен пораст.