Денеска ќе се знаат резултатите од гласањето на конзервативците за нов лидер и британски премиер
Околу 160.000 членови на британската владеачка Конзервативна партија вчера попладне го завршија гласањето за нов лидер на партијата, кој воедно и ќе ја наследи Тереза Меј на премиерската функција, а резултатот од изјаснувањето денеска ќе биде соопштен.
Конзервативците се изјаснуваа меѓу поранешниот градоначалник на Лондон и актуелниот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон и Џереми Хант.
Според анкетите, Џонсон, кој вети дека Велика Британија ќе ја изнесе од ЕУ со или без договор, е фаворит во оваа изборна трка, пренесуваат американските медиуми.
Неколкумина членови на владата на Меј веќе најавија дека ќе поднесат оставки пред Џонсон да стапи на новите должности и самиот да ги отпушти заради противењето на неговата намера Велика Британија да ја изведе од Европската унија без договор.
Министерот за Европа и Америка, Алан Данкан вчера поднесе оставка, а оставки пред три дена најавија и министерот за финансии Филип Хамонд и министерот за правосудство Дејвид Гок.
Ново на Сител
-
Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм
-
Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска
-
Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога
-
Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра
-
Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица
-
Новости на „Гугл“ за „Андроид“
-
Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот
-
Јувентус ќе игра против Милан во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп