Македонија
6. August 2024 - 13:59

Денеска ќе се објави производната цена на винското грозје

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на денот  ќе ја објави производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, вранец и смедеревката, информира Министерството по средбата на министерот Цветан Трипуновски со лозарите.

На средбата се разговарало за претстојната берба на винско грозје, за приносите и за квалитетот на грозјето.

На состанокот, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Трипуновски вети дека ќе се вреднува трудот на лозарите и оти ресорното министерство ќе биде коректив.