Loading Video...
Ракомет
21. October 2020 - 15:51

Денеска и утре, нов рестарт на македонската ракометната Супер лига

Откако по само две односно четири некомплетно одиграни кола во домашниот ракометен шампионат, односно Супер лигата, натпреварувањето беше прекинато поради поголем број на позитивни на Ковид-19 вчера, по извршените нови тестирањата, за денеска е закажан рестарт на првенството. 
 
Според распоредот. Денеска на програмата се два дуелите од А групата во која Охрид е домаќин на Радовиш, а во Струмица екипата на Астраион ја пречека Струга. Натпреварот од оваа рунда меѓу КЛ7 и Пролет е одложен  бидејќи во редовите на Пролет има дури 12 позитивни ракометари на Ковид-19.
 
Дуелите од Б групата во која тимовите одиграа по три-четири натпревари, ќе се играат утре, а двојките се:
 
Четврток (22/10/2020)
19:00  БУТЕЛ СКОПЈЕ - ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
19:00  ТИКВЕШ 2014 - ПРИЛЕП
20:30  МЛАДОСТ БОГДАНЦИ - МЕТАЛУРГ