Македонија
4. April 2019 - 8:07

Денеска е Свети свештеномаченик Василиј Анкирски

Свети Василиј живееше во четвртиот век.

Беше прочуен презвитер на Анкирската црква. За верата се бореше против Аријанците и поради тоа многу претрпе за време на римскиот цар Константин.

Кога на престолот дојде царот Јулијан Отстапникот, Василиј отворено ја разобличуваше неговата нечеститост.

Поради тоа, беше ставен на маки и во текот на неколку денови, мачителите му отсекуваа парчиња од кожата. Но, свети Василиј сето тоа мажествено го истрпи и ја предаде својата душа за Христа во 363 година.